• Saturday, 19 October 2024

Концерт на Соколов и Кабранова-Филипова на „Златна лира“

Концерт на Соколов и Кабранова-Филипова на „Златна лира“

Скопје, 19 октомври 2024 (МИА) - Во Музејот на македонската борба вечер од 20 часот концерт ќе одржат саксофонистот  Лазар Соколов и пијанистката  Емилија Кабранова-Филипова.

Концертот е во рамки на фестивалот „Златна лира“ организиран од Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). 
 
На програмата се дела од Болинг, Бужаровски, Лело, Пејовски, Молинели и Итуралде.

Влезот за посетители е слободен. хс/ев/ 

Фото: МИА архива