Украинската репрезентација во крос-кантри го откажа учеството во Тур де ски
- Украинската селекција во крос-кантри скијање нема да учествува во Тур де ски, објавија италијанските медиуми.
Вал ди Фием, 3 јануари 2025 (МИА) – Украинската селекција во крос-кантри скијање нема да учествува во Тур де ски, објавија италијанските медиуми.
Причините за ваквата одлука се непознати. Организаторите на 19. издание на турнејата кое се одржува во Италија тврдат дека Украинците официјално не го објавија своето одбивање да учествуваат на натпреварот
За прв пат по шест години, Украина требаше да учествува на Тур де ски. Репрезентацијата се состоеше од пет скијачи: двајца мажи и три жени.
Тур де ски во тековната сезона се одржува од 28 декември 2024 година до 5 јануари 2025 година. зс/
Фото: ЕПА