• Wednesday, 25 December 2024

Судот ги отфрли обвиненијата против Болдвин за несреќата на филмскиот сет

Судот ги отфрли обвиненијата против Болдвин за несреќата на филмскиот сет

Њујорк, 24 декември 2024 (МИА) - Кривичната постапка против актерот Алек Болдвин за смртоносното пукање на сетот на филмот „Rust“ во 2021 година е официјално завршена, откако обвинителството ја повлече жалбата за продолжување на случајот.

„Денешната одлука за повлекување на жалбата е потврда на тоа што го тврдевме од почеток – се случи трагедија, но Алек Болдвин не е виновен за кривично дело“, изјавија адвокатите на Болдвин.

Судот во Ново Мексико претходно ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против Болдвин, откако адвокатите тврдеа дека нема докази како смртоносниот куршум завршил во пиштолот.

Халина Хачинс загина кога Болдвин испукал од пиштол на сетот, кој бил ненамерно наполнет со вистинска муниција. Одговорната за оружјето на сетот, Хана Гутиерез, беше обвинета за убиство од небрежност и осудена. ссм/

фото: архива