• Wednesday, 21 January 2026

Почнува второто полугодие за учениците

Почнува второто полугодие за учениците

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска почнува второто полугодие.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на „Фејсбук“ им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие.

- Второто полугодие почнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и на стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник! - стои во објавата на Јаневска.

Министерката минатата недела изјави дека, според изјавите од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје, нема да има пречки за да почне новата учебна година поради ситуацијата со грипот.

Апелира до родителите, до учениците, да бидат редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат затоа што сите испитувања и во Македонија и секаде во светот велат дека учениците што редовни ги посетуваат училиштата постигнуваат подобри резултати. нд/са/

Фото: МИА архива

 

 

You May Also Like