Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов
- Државата конечно покажува дека во координирана и професионална соработка меѓу институциите кои се грижат за безбедноста на државата, од типот на МВР, АНБ, Јавното обвинителство, кое е клучен фактор во рамки на целокупниот процес, во конкретниот случај ОЈО за ГОКК доколку се сака се може. Покажа дека повеќе во Македонија не може да се дозволи ваков тип на носители на јавни функции да можат да продолжат да функционираат на позициите кои народот практично им ги доверил, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за случајот со апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако во домот на неговите родителите во Неготино полицијата пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.
You need to login to view this page en