• Monday, 28 October 2024

Путин: Западот ја користи Украина за критични закани за безбедноста на Русија

Путин: Западот ја користи Украина за критични закани за безбедноста на Русија

Казан, 24 октомври 2024 (МИА)  - Западот ја користи Украина за да создаде критични закани за безбедноста на Русија, игнорирајќи ги виталните интереси на Руската Федерација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

-Се кршат принципите на еднаква и неделива безбедност. Се поттикнуваат меѓудржавни конфликти и меѓусебни конфликти, рече Путин во обраќањето на самитот на БРИКС во проширен состав во Казан, пренесоа руските медиуми.

Путин нагласи дека „пример за тоа е Украина, која се користеше и се користи за создавање критични закани за безбедноста на Русија, игнорирајќи ги нејзините витални интереси, легитимните грижи и кршејќи ги правата на луѓето што зборуваат руски јазик“.

 Претходно денеска Путин ја отвори пленарната седница на БРИКС +, во рамките на самитот на БРИКС во Казан.

На состанокот се поканети претставници на 36 земји, меѓу кои и шефовите на Заедницата на независни држави, Азија, Африка, Латинска Америка и шефови на меѓународни организации.сд/

фото:ЕПА