• Friday, 25 October 2024

Пукање кај Смилковско езеро

Пукање кај Смилковско езеро

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Во СВР Скопје денеска во 13.25 часот граѓанин пријавил дека додека ловел риба на Смилковско езеро, забележал три лица како излегле од патничко возило „пежо 106“ и едното од нив извадило огнено оружје со кое испукало неколку истрели во воздух.

Потоа, како што информираат од МВР, лицата со возилото го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.бт/аа/

Фото: МИА Архива