• Saturday, 26 October 2024

Во период од 20 минути вчера во Скопје пријавени два инциденти со физички напад од страна на група лица

Во период од 20 минути вчера во Скопје пријавени два инциденти со физички напад од страна на група лица

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) – На подрачје на Центар вчера во Скопје во период од 20 минути биле пријавени два инциденти со физички напад од страна на група од повеќе лица. 

Како што информираат од МВР, најпрво во 16:00 часот било пријавено дека група од повеќе лица физички нападнале 17-годишен малолетник, а потоа околу 16:20 часот било пријавено дека група од десетина лица физички нападнале две лица на возраст од 21 и 22 години. 

-Во СВР Скопје вчера е пријавено дека околу 16.20 часот во Скопје, на подрачје на Центар, Х.А.(22) и Е.К. (21) од Скопје биле физички нападнати од група од десетина лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Исто така, околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар група од повеќе лица физички нападнале 17-годишен малолетник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат денеска од МВР. аа/дма/

Фото: МИА