Пронајдена почината жена во Кочанско, се утврдуваат причините за смртта
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена, соопшти ЈОРСМ.
Кочани, 21 март 2026 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена, соопшти ЈОРСМ.
До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.
Медиумите јавуваат дека тело на почината жена е пронајдено во близина на кочанското село Зрновци. ев/вј/
ФОТО: Архива