• Sunday, 22 March 2026

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање (ФОТО)

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање (ФОТО)

Кочани, 21 март 2026 (МИА) - Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска река каде во местото викано Ѓошевски во кочанското село Зрновци беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање.

Жената не е идентификувана, а причините за смртта се уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираа претходно денеска од полицијата и од ЈОРСМ. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

ЈОРСМ информираше дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. Починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.

 

вдј/ев/

ФОТО: МИА

  

You May Also Like