Приемен ден во Општина Кисела Вода, остварени средби со околу 50 граѓани
- На редовниот приемен ден во Општина Кисела Вода средба со градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска оствариле околу 50 жители на општината. На средбите, како што соопштија од локалната самоуправа, се разговарало за тековни прашања, проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните, како и за нивните предлози за подобрување на условите за живеење.
- Post By Борис Куноски
- 14:13, 24 January, 2026
Скопје, 24 јануари 2026 (МИА) - На редовниот приемен ден во Општина Кисела Вода средба со градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска оствариле околу 50 жители на општината. На средбите, како што соопштија од локалната самоуправа, се разговарало за тековни прашања, проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните, како и за нивните предлози за подобрување на условите за живеење.
Според градоначалничката, приемните денови се можност за директен контакт со граѓаните и за навремено согледување на нивните потреби.
-И оваа сабота ја посветив на граѓаните. Разговаравме за различни проблеми и идеи, со цел да ги најдеме најсоодветните решенија и да придонесеме за поефикасно унапредување на состојбите во општината, нагласува Стаменкоска Трајкоска.
Покрај средбите во општината, таа реализирала и повеќе од 20 телефонски разговори со жители кои не можеле да присуствуваат лично. Според неа, ова овозможува да се опфатат повеќе прашања и да се обезбеди поголема достапност на локалната самоуправа. бк/вј/
Фото: Општина Кисела Вода