• Sunday, 25 January 2026

Градоначалникот Ѓорѓиевски со отворен ден за граѓаните во Град Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски со отворен ден за граѓаните во Град Скопје

Скопје, 24 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и денеска ја продолжи праксата на директна комуникација со граѓаните, отворајќи ги вратите на градската администрација за сите кои сакаат лично да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози.

Според објавата на градоначалникот на социјалните мрежи, приемите се одржуваат во духот на, како што наведува, „отворена комуникација, достапност и одговорно локално раководење“.

-Како што ветив - градот е отворен за сите. Без бариери, без затворени врати, без игнорирање. Секој проблем е забележан, секој предлог е запишан, наведува Ѓорѓиевски во објавата.

Ѓорѓиевски информира дека дел од обраќањата биле направени и телефонски, со цел, како што вели, „секој глас да биде слушнат, а секоја порака да добие внимание“.

Тој нагласува дека поддршката што ја добил од граѓаните е силна мотивација, додавајќи дека многумина му посочиле оти ретко кој градоначалник досега лично ги повикал или примил.

- Она што ме мотивира најмногу е добриот збор и поддршката што ја слушнав од граѓаните, кои искрено ми кажаа дека ретко кој градоначалник во минатото лично ги побарал, сослушал и примил, стои во објавата.

Од Град Скопје најавуваат дека средбите со граѓаните ќе продолжат и во текот на денот, а доколку има потреба и следниот ден.ар/вј/

Фото: Град Скопје

 

 

You May Also Like