Претреси во Скопје, пронајден амфетамин кај две лица
- Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, денеска во 10:15 часот извршиле претрес во домот на З.В.(34) во скопското село Волково.
Скопје, 26 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, денеска во 10:15 часот извршиле претрес во домот на З.В. (34) во скопското село Волково.
Како што соопшти МВР, З.В. претходно на подрачјето на Центар бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени амфетамин, дигитална вага и нож, а при претресот исто така биле пронајдени и одземени амфетамин и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, за З.В. ќе следува кривична пријава.
Вчера во 16:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на Р.П.(40) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба, при што биле пронајдени и одземени амфетамин, дигитална вага и нож. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава. дма/аа/
Фото: МВР