Усвоен Буџетот на Општина Пехчево за 2025 година
- Буџетот на Општина Пехчево за 2025 година, изнесува 145,8 милиони денари кои ќе бидат наменети за реализација на капитални проекти, информираше денеска градоначалникот на Општината, Александар Китански.
Пехчево, 27 декември 2024 (МИА) - Буџетот на Општина Пехчево за 2025 година, изнесува 145,8 милиони денари кои ќе бидат наменети за реализација на капитални проекти, информираше денеска градоначалникот на Општината, Александар Китански.
Дел од предвидениот буџет, меѓу другото, како што додаде, ќе биде наменет за инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, животна средина.
- Може да се каже дека Буџетот на Општина Пехчево за 2025 година, е изготвен водејќи се од начелото на почитување на принципот на буџетска дисциплина и транспарентност. Во Буџетот на Општина Пехчево за 2025 година, се внесени голем број предлози и проекти кои произлегоа од граѓаните, од невладиниот сектор, од младите и предлози кои произлегоа од одржаните форуми во заедницата, истакна Китански.
Тој упати благодарност до советниците во Советот на Општина Пехчево кои го поддржаа изгласувањето на истиот.
- Изгласувањето на Буџетот, значи дека општината продолжува и понатаму со реализација на сите предвидени активности по програмите за 2025 година и со остварување на очекувањата на граѓаните, за подобрување на квалитетот на живот, додаде Китански.
Најголем дел од средствата во предвидениот буџет за наредната година, како што додадоа од Општината, ќе бидат наменети за тековно-оперативни расходи. вс/цр
Фото: Општина Пехчево