• Tuesday, 07 January 2025

Пораст на напади врз странци во Магдебург по нападот на Божиќниот пазар

Пораст на напади врз странци во Магдебург по нападот на Божиќниот пазар

Берлин, 5 јануари 2025 (МИА) - Бројот на кривични дела насочени против странци во германскиот град Магдебург нагло се зголеми по нападот на Божиќниот пазар пред две недели, пренесуваат германските медиуми.

Во заедничко соопштение, дел од советниците во градскиот совет изјавија дека „овие кривични дела се одвратни и се спротивни на вредностите на градот“.

Според јавниот сервис МДР, полицијата годинава забележала три кривични дела со расистичка позадина. По нападот на Божиќниот пазар на 20 декември, кога еден Саудиец со автомобил уби пет лица и повреди околу 200, секојдневно се бележат напади врз странци.

Организациите за заштита на човековите права сметаат дека причината за порастот на насилството е реториката на партиите како Алтернатива за Германија (АфД), кои го користат нападот за политички цели пред претстојните избори. ссм/

фото: архива