• Monday, 02 September 2024

Поранешен ас на Атлетико Мадрид оди во Рома

Поранешен ас на Атлетико Мадрид оди во Рома

Мадрид, 1 септември 2024 (МИА) - Шпанскиот дефанзивец Марио Ермосо е пред трансфер во Рома, пренесуваат шпанските медиуми. Дефанзивецот моментално е слободен играч откако го напушти Атлетико Мадрид на крајот на сезоната бидејќи му истече договорот.

Ермосо беше во преговори со голем број клубови, но не успеа да постигне договор. На потпис со играчот најмногу инсистираа Виљареал и Галатасарај, но до трансфер така и не дојде.

Последната понуда се покажа како доволно добра за поранешниот играч на Атлетико. Тој добил понуда од италијанска Рома, која е за две години.

Се очекува римскиот клуб да ја објави зделката во следните часови. дс

Фото: Принтскрин