• Thursday, 03 October 2024

Тен Хаг: Проблемот не е во мене, јас не сум Хари Потер

Тен Хаг: Проблемот не е во мене, јас не сум Хари Потер

Манчестер, 1 септември 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, разбирливо беше крајно фрустриран по крајот на натпреварот против Ливерпул во 3. коло од Премиер лигата, кој „црвените ѓаволи“ го загубија со 3:0.

Холандскиот стручњак е на мислење дека проблемот за лошите резултати на тимот не лежи во него.

-Јас не сум Хари Потер. Дали навистина мислите дека проблемот е во тренерот? Не мислам дека е така, инаку немаше да освојуваме трофеи, како што правиме и да победуваме големи ривали, рече Тен Хаг.

За новото засилување Мануел Угарте посочи дека се уште не играл оваа сезона и тој треба да ја подобри својата физичка кондиција.

-Ќе бидат потребни недели, можеби месеци, изненади со одговорот тренерот на „црвените ѓаволи“. дс

Фото: Архива