Пожарникар повреден при интервенција во Прилеп
- Пожарникар бил повреден од струен удар вчера при гаснење пожар на куќа и помошна просторија на ул. „Дебарца“ во Прилеп. Повредениот пожарникар, З.Г (53) од прил
Скопје, 21 март 2026 (МИА) - Пожарникар бил повреден од струен удар вчера при гаснење пожар на куќа и помошна просторија на ул. „Дебарца“ во Прилеп.
Повредениот пожарникар, З.Г (53) од прилепското село Крушеани, бил пренесен за укажување помош во Градската болница Прилеп.
-На 20.03.2026 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека настанал пожар на ул.„Дебарца" во Прилеп, при што зафатени биле куќа и помошна просторија, сопственост на Д.Р. од Прилеп. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, при што пожарникарот З.Г. (53) од с.Крушеани, прилепско, бил повреден од струен удар и бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на помош - информира Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.
Увидот извршила екипа на ОВР Прилеп. лв/ац/
фото: МИА архива