• Sunday, 25 January 2026

Општина Неготино ја објави програмата за „Свети Трифун“

Општина Неготино ја објави програмата за „Свети Трифун“

Неготино, 24 јануари 2026 (МИА) - Општина Неготино попладнево ја објави програмата за овогодинашното одбележување на „Свети Трифун“ - „Недела на виното 2026“, што ќе трае од 12 до 15 февруари.

Во четврток, 12 февруари, ќе биде натпреварот во дегустација на вина и ракии на индивидуални производители.

За во петок, 13 февруари, најавени се традиционална изложба и ликово изразување на ученици.

На „Свети Трифун“, 14 февруари, предвидено е да има отворени штандови - промоција и дегустација на вино, маџун, равенија. Традиционално закројување на винова лоза на стара чаршија е најавено да почне точно напладне. Предвидено е да бидат прогласени и наградените од одржаните дегустации и натпревари.

На последниот ден, 15 февруари, во план е да се реализира треил трка за вино и љубов со старт од центарот на неготинското село Долни Дисан. свд/вј/

Фото: МИА

You May Also Like