• Wednesday, 25 February 2026

ОН усвои резолуција која повикува на мир во Украина

ОН усвои резолуција која повикува на мир во Украина

Њујорк, 24 февруари 2026 (МИА) – Генералното собрание на Обединети нации денеска усвои резолуција, со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

Резолуцијата ја поднесе Украина со повеќе од 45 држави коспонзори, а усвоена е со 107 гласови „за“ меѓу кои и Северна Македонија, 12 „против“, меѓу кои и Русија, и 51 „воздржани“ меѓу кои и САД.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс се заблагодари до 107-те земји кои денеска застанаа покрај Украина во одбрана на животот.

- Генералното собрание ја усвои нашата резолуција во поддршка на траен мир со јасни повици за целосен прекин на огнот и враќање на нашите луѓе. Ова се соодветни и неопходни чекори и ние ќе продолжиме активно да работиме за постигнување мир со нашите партнери, наведе Зеленски. ми/

фото: ОН