Директорката на музејот Лувр поднесе оставка
- Директорката на парискиот музеј Лувр, Лоренс де Кар денеска поднесе оставка, по грабежот во октомври минатата година, кога беше украден накит во вредност од околу 88 милиони евра
Париз, 24 февруари 2026 (МИА) – Директорката на парискиот музеј Лувр, Лоренс де Кар денеска поднесе оставка, по грабежот во октомври минатата година, кога беше украден накит во вредност од околу 88 милиони евра.
Елисејска палата соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон ја прифатил оставката на де Кар.
Спектакуларната кражба се случила во недела наутро, а украдениот накит, што се уште не е пронајден, има непроценливо културно и историско значење. ми/
фото: МИА архива