ОАЕ го повлекуваат амбасадорот од Иран, ја затвораат амбасадата поради напади
- Обединетите Арапски Емирати ја затвораат својата амбасада во Иран и го повлекуваат својот амбасадор по серијата ирански напади врз нивна територија, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
- Post By Марија Спасовска
- 20:08, 1 March, 2026
Абу Даби, 1 март 2026 (МИА) - Обединетите Арапски Емирати ја затвораат својата амбасада во Иран и го повлекуваат својот амбасадор по серијата ирански напади врз нивна територија, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
„ОАЕ објавува затворање на својата амбасада во Техеран и повлекување на својот амбасадор и сите членови на својата дипломатска мисија и ги осудува иранските ракетни напади“, се вели во соопштението објавено на социјалните медиуми од Афра Ал Хамели, директорка за стратешки комуникации во Министерството за надворешни работи.

Одлуката е донесена како одговор на „очигледните ирански ракетни напади насочени кон териториите на земјата, кои претставуваат агресивни напади што погодија цивилни објекти, вклучувајќи станбени области, аеродроми, пристаништа и услужни објекти, и ги изложија беспомошните цивили на опасност“, се вели во соопштението. мс/
фото: Архива