Велика Британија собори ирански дрон кој се движел кон Катар
- Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Тајфун на Кралските воздухопловни сили денеска соборил ирански дрон кој се движел кон Катар.
- Post By Марија Спасовска
- 19:43, 1 March, 2026
Лондон, 1 март 2026 (МИА) - Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Тајфун на Кралските воздухопловни сили денеска соборил ирански дрон кој се движел кон Катар.
Инцидентот е прво вклучување на британските сили по заедничките напади на САД и Израел врз Иран.
Вчера британскиот премиер Кир Стармер изјави дека британските авиони биле „на небото“ на Блискиот Исток како дел од одбранбени операции. мс/
фото: Архива