• Friday, 03 January 2025

Нов судски удар за Барселона во случајот Олмо

Нов судски удар за Барселона во случајот Олмо


Барселона, 31 декември 2024 (МИА) – Основниот суд во Барселона го одби барањето на Барселона за привремена мерка со која би се овозможила регистрација на фудбалерите Дани Олмо и Пау Виктор во шпанската Ла Лига.
Како што објави синоќа весникот „Мундо Депортиво“, ова е втор негативен исход за клубот откако Стопанскиот суд во Барселона минатата недела одби слично барање.
Барселона сега зависи од тоа дали Ла Лига ќе одобри финансиска операција поврзана со продажба на ВИП места на идниот стадион „Спотифај Камп Ноу“.
Претседателот Жоан Лапорта делумно го склучи тој договор минатиот викенд во Дубаи и сега работи на негово комплетирање во Барселона.
Во тужбата, клубот побара укинување на членот 77 од буџетските правила на Ла Лига, тврдејќи дека со него се кршат статутарните права и слободата на здружување.
По сослушувањето на двете страни, судијата во понеделникот попладне го одби барањето за времена мерка, оставајќи ја судбината на Олмо во неизвесност. ег
ФОТО: Икс