Сончево и топло со слаб северен ветер
- Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.
![Сончево и топло со слаб северен ветер](https://new.mia.mk/images/20240726175503_big_730x400_33.webp )
Скопје, 27 јули 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. Во почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер. вј/нд/
Фото: МИА архива