• Wednesday, 25 December 2024

Без струја дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров

Без струја дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров.

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубин, општина Сарај.

Во периодот од 10.00 до 12.30 часот, струја ќе немаат корисниците од цела населба Радишани, општина Бутел. 

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците околу претпоследна и последна 22-ка, во село Волково, општина Ѓорче Петров. цр/ев/

Фото: МИА архива