• Thursday, 26 December 2024

ВМРО - ДПМНЕ: За шест месеци досега се исплатени над 4,3 милијарди денари кон земјоделците

ВМРО - ДПМНЕ:  За шест месеци досега се исплатени над 4,3 милијарди денари кон земјоделците

Скопје, 25 декември 2024


Фактите и бројките говорат спротивно од празното соопштение на СДС.  Во време на СДС доцнеа субвенциите, а родот завршуваше на буниште. 

Празните џебови не ги забораваат земјоделците, затоа и ги казнија. 

Но, затоа откако Владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ за период од овие 6 месеци се исплатија сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари.

За изминатите два дена се исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година. 

Вкупно за 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци. 

Политичките флоскули на СДС земјоделците ги прочитаа многу одамна.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за земјоделците, се што се вети веќе се исполнува.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.