• Tuesday, 08 October 2024

Министерство за култура и туризам за неисплатените плати во НУ „Охридско лето“: Дејствуваме во насока на почитување на правата, но инсистираме на законско постапување

Министерство за култура и туризам за неисплатените плати во НУ „Охридско лето“: Дејствуваме во насока на почитување на правата, но инсистираме на законско постапување

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Министерството за култура и туризам денеска во врска со дописот на Синдикатот на културата на Република Македонија за неисплатените плати во НУ „Охридско лето“, соопшти дека продолжува да дејствува во насока на почитување на правата од работен однос за вработените во оваа установа, но и да инсистира на законското постапување. 

-Министерството за култура и туризам, почитувајќи ги кредибилитетот и реномето на НУ „Охридско лето“, а во врска со дописот на Синдикатот на културата на Република Македонија, информира дека Министерството продолжува да дејствува во насока на почитување на правата од работен однос за вработените во НУ „Охридско лето“, но и да инсистира на законското постапување, се вели во соопштението на Министерството.

Како што потенцираат, институцијата е должна да постапи во врска со последното писмено известување добиено од Министерството и да достави коригирана пресметка на плата за месецот август 2024 година, во која нема да бидат содржани износи што се однесуваат на додаток на плата, без тој да биде претходно законски основан.

Од Министерството за култура и туризам потенцираат дека не спорат да извршат исплата на основната плата на вработените во „Охридско лето“.бт/aa/

Фото: МИА Архива