• Monday, 07 October 2024

Инфосесии за објаснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси

Инфосесии за објаснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси

Скопје, 7 октомври 2024

Од утре започнуваат инфосесиите на Министерството за култура и туризам за олеснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси за поддршка за проекти од национален интерес во културата за 2025 година.

Инфосесиите ќе ги спроведат тимови од Министерството за култура и туризам, а се наменети за сите корисници на буџетските средства на овие конкурси, со цел да се одговори на сите отворени  прашања во врска со пријавувањето.

Штип

8.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ 

Струмица

9.10.2024 г. (среда) во 11 часот – НУ Центар за култура „Антон Панов“

Гостивар 

10.10.2024 г. (четврток)  во 11 часот  – НУ Центар за култура „АСНОМ“

Битола 

14.10.2024 г. (понеделник) во 11 часот  – НУ Народен театар-Битола

Охрид 

15.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Григор Прличев“

 

Министерството за култура

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.