МИА Најави - свет
- 8 февруари 2026
8 февруари 2026
Лисабон - Втор круг од претседателските избори во Португалија, во кој учествуваа социјалистот Антонио Хозе Сегуро и лидерот на десничарските популисти Андре Вентура.
Токио - Избори за Долниот дом на јапонскиот Парламент, што беше распуштен од премиерката Такаичи Санае на крајот на јануари.
Бангкок - Парламентарни избори и уставен референдум во Тајланд.
Канбера - Израелскиот претседател Исак Херцог е во посета на Австралија каде што ќе се сретне со еврејската заедница по нападот на плажата Бонди во Сиднеј на крајот на 2025 година.
Бања Лука - На 136 избирачки места во 17 градови и општини во Република Српска (РС), ќе се спроведат повторени избори за претседател на РС, врз основа на одлуката на изборната комисија за нерегуларности на овие избирачки места.