• Sunday, 20 October 2024

МИА Најави - Свет

МИА Најави - Свет

18 Октомври (МИА) 

БЕРЛИН - Средба на претседателите на САД и Франција, Џозеф Бајден и Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Кир Стармер фокусирана на Украина и на Блискиот Исток.

МОСКВА - Економски форум на земјите членки на БРИКС со учество на претседателот на Русија Владимир Путин.

БРИСЕЛ - Завршува дводневниот самит на Европската унија.

НЕАПОЛ - Состанок на министрите за одбрана на Г7, до 20 октомври.

АКАБА, БЕЈРУТ - Посета на италијанската премиерка Џорџа Мелони на Јордан и Либан.

КАНБЕРА - Посета на британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила на Австралија.

МИЛАНО - Повик за штрајк во автомобилската компанија „Стелантис“.

РИМ, ЛОНДОН - Рејтинг-агенциите „Фич“ и „С и П Глобал Рејтингс“ ги ажурираат кредитните рејтинзи.