• Thursday, 17 October 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

17 октомври 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/12:00)

Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 4/13:00)

Скопје - Презентација на анализа на јавно мислење „Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2024)“. (Едукативен центар на Парламентарен институт/10:30)

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство во организација на Комисијата за култура и туризам. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, шефот за соработка со Северна Македонија од ЕУ Штефен Худолин и извршниот директор на Навигациските услуги од М-НАВ а.д. Скопје, Хекуран Асани ќе се обратат на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM SKOPJE 2024 во организација на Здружението на контролори на летање на Македонија - ЗКЛМ. (х.„Холидеј ин“/9:00)

Скопје - Министерот за правда Игор Филков ќе се обрати по повод отворање канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство. (Министерство за правда, фотографии и видео инсерти на почетокот/11:00, изјави за медиумите по завршувањето)

Скопје - Светска банка организира презентација на 26-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан насловено „Задржување на моментот на раст“. (х.„Мериот“, Ball room 2, втор кат/12:00)

Куманово - Припадниците на Командата за операции (КО) со воена свеченост ќе го одбележат денот на единицата. (Касарна „Боро Менков“/11:00)

Скопје - Презентација на новиот прирачник за безбедност на новинарите во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Јавното обвинителство и Министерство за внатрешни работи. (Зграда на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија/13:00)

Скопје - Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија Никола Мемов ќе одржи брифинг со медиумите. (Простории на Фондот, четврти кат/11:00)

Штип - Трибина во рамки на кампањата под мотото „Октомвриски розов караван - Превенцијата е најдобра заштита“ во организација на Министерството за здравство. (Клиничка болница - Штип/13:30)

Скопје - Меѓународна конференција „65 години италијански студии при УКИМ“ во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. (Ректорат /10:00)

Скопје - Прес-конференција на која ќе се обратат директорот и актерите од Камерни театар 55 од Сараево по повод гостувањето на фестивалот РУТА. (Драмски театар/11:00)

Скопје - Тркалезна маса во организација на Сојуз на здружение на дијабетичари на Северна Македонија и Центарот за семејна медицина на Медицински факултет, УКИМ. (Јавна соба/18:00) 

Тетово - Потпишување Меморандум за соработка меѓу Општина Тетово и УНОПС. (Простории на „Europahouse“ во Центарот за култура/13:00, по потпишувањето ќе се засадат дрвја на шеталиштето на реката Пена, под мостот кај болницата во Тетово по што ќе следува изјава за медиумите)

Скопје - Четиридневен „Есенски базар“ на кој ќе учествуваат 28 индивидуалци - занаетчии. (Скопје Сити Мол)

Пазарџик - Отворање на ликовната изложба „Пред екранот“, составена од дела на автори од Северна Македонија и Бугарија. (Уметничка галерија „Станислав Доспевски“/18:00)

Скопје - Премиера на претставата „Бели ноќи “ според делото на Ф.М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.(Македонски народен театар/20:00)

Скопје - Концерт „Озвучени емоции“ на оркестарот на Филхармонија, на кој како солист ќе настапи пијанистот Лука Дебарг од Франција.(Филхармонија/20:00)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***