МИА Најави МКД
- 12 ноември 2024
12 ноември 2024
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со Jан Борг, актуелен претседавач на ОБСЕ, заменик-претседател на Влада и министер за надворешни работи и трговија на Малта. (Сала на Уставна комисија/18:05)
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 19-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. (Сала 6/10:00)
Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала на Уставна комисија/10:30)
Скопје - Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе ги одржи 2-та и 3-та седница. (Сала 4/10:30/10:45)
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши и потпретседателите на Собранието Антонијо Милошоски, Весна Бендевска и Јован Митрески ќе одржат средба со поранешни конгресмени и служба од Конгресот на САД, претставници на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон и претставници од Канцеларијата на ИРИ во РСМ. (Сала на Влада/14:00)
Скопје - Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералните секретари на Собранието Никола Ѓошевски, Бобан Стојаноски и Ибуш Јусуфи ќе одржат средба со поранешни конгресмени и служба од Конгресот на САД, претставници на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон и претставници од Канцеларијата на ИРИ во РСМ. (Сала на Влада/14:35)
Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти. (Влада, свечена сала/11:15, заедничка прес-конференција Влада, Медија центар/11:30)
Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе биде домаќин на актуелниот претседавач на ОБСЕ, заменик претседател на Влада и министер за надворешни работи и трговија на Малта, Јан Борг. (МНР, пристигнување и пречек/15:50, тет-а-тет средба/15:55, пленарна мултилатерална средба/16:15, прес-конференција/16:50)
Скопје - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани ќе присуствува на потпишувањето трипартитните договори за соработка во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општиски установи- детски градинки, помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и јавните општински установи-детски градинки. (Клуб на пратеници/10:00)
Скопје - Седма регионална конференција за е-трговија под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, на која изјави за медиумите ќе дадат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, гермаската амбасадорка Петра Дрекслер, Мариа Канелопулу од Делегацијата на ЕУ и претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков. (Национална опера и балет, фојае, изјави за медиумите/8:45)
Скопје - Прес-конференција на Коалицијата ВРЕДИ. (Собрание на РСМ/10:30)
Скопје - Настан за проектот „Статистиката на Северна Македонија усогласена со потребите на корисниците и барањата на ЕУ " во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија. (х.„Мериот“/10:00)
Штип - Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ организира Денови на млади истражувачи. (Простории на Земјоделскиот факултет, Кампус 2/9:30, изјави за медиумите/10:00)
Скопје - Меѓународниот балкански универзитет ќе одржи настан „Перспектива за заедничка иднина“, на кој ќе се разговара за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и односите меѓу ЕУ и Турција. (Кампус на Меѓународниот балкански универзитет/10:00, регистрација/9:30)
Скопје - Научна трибина „Литературното дело на писателот Мехмедали Хоџа“ во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ катедра за албански јазик и книжевност. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за седници/11:00)
Скопје - Трибина Книжевни дијалози во организација на Институтот за македонска литература. (Институт за македонска литература/ 12:00)
Скопје - Меѓународниот балкански универзитет ќе одржи настан „Перспектива за заедничка иднина“, на кој ќе се разговара за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и односите меѓу ЕУ и Турција. (Кампус на Меѓународниот балкански универзитет/10:00, регистрација/9:30)
Скопје - Сојузот на спортови на Скопје ќе ги додели наградите 13 Ноември по повод денот на ослободувањето на Скопје. (СЦ. Јане Сандански, конференциска сала/12:00)
Скопје - Премиера на новата претстава „Снег“ од Максанс Фермин во режија на Зоја Бузалковска. (МКЦ, Денсинг сала/20:00)
Скопје - Премиера на краток уметнички филм „Панталоните“ од мултидисциплинарниот уметник Крсто Глигорјадис. (КСП Јадро/20:00)
Скопје - Проекција на документарните филмови „Акаса, нашиот дом“ на режисерот Раду Чорничук и „Нема да исчезнеме“ на Алиса Коваленко во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“. (Кафе и кино „Котур“/20:00)
Скопје - Концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри. (Музеј на македонската борба/20:00)
___________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***