СДСМ: Да се затвори постојната депонија во Кочани, поднесен амандман за отворање на времена
- СООПШТЕНИЕ
12 ноември 2024
Институциите под капата на ВМРО-ДПМНЕ не се искрени и ги манипулираат граѓаните кои со недели протестираат барајќи решеније за проблемот со депонијата во Кочани.
Ниту една институција нема соодветен одговор на барањето на граѓаните ниту решение. Проблемот тлее, жителите спроведуваат активна блокада поради загадувањето а решение кое е прифатливо за сите се уште нема.
Пратеничката група на СДСМ поднесе амандман во Собранието за обезбедување финансиски средства од 30 милиони денари за нова, времена депонија, со што ќе може да се затвори постојната депонија во Кочани.
Тоа е најсоодветно во овој момент затоа што се затвора постојната на барање на граѓаните а времената депонија ќе се користи краток временски период до изградба на регионалната депонија.
Очекуваме власта и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ да го прифати овој амандман со што ќе им се излезе во пресрет на жителите од овој крај.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.