• Wednesday, 25 December 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

20 декември 2024

Скопје – Ардијан Демири, член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Охридска сала/ 10:00)

Скопје – Данка Ристова и Аритон Ала, членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Охридска сала/ 10:30)

Скопје – Клубот за младински прашања и политики на Собранието организира прием „Рефлексија на 2024 година и разговор за младинските приоритети во 2025“. (Мал свечен салон/ 11:00)

Скопје – Посета на Махмут Чевик, заменик-претседател на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, одговорен на Департментот за Балкан и Источна Европа. (Струшка сала)

- Средба со пратеникот Сали Мурати. (14:30)

- Средба со пратеникот Бејџан Иљас. (15:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/ 13:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (Сала 6/ 14:00)

Скопје – Премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на настан организиран од Министерството за односи меѓу заедниците по повод Денот на наставата на турски јазик, а ќе присуствуваат и учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци, заедно со подрачните училишта од с. Прналија и с. Радање. (во просториите на Министерство за односи меѓу заедниците, ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 11/ 14:00, пред почетокот на настанот изјава за медиумите ќе даде премиерот Мицкоски)

Гостивар – Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе го посети претпријатието „Русино“ во Гостивар, каде ќе се сретне со менаџментот на претпријатието, и заедно ќе ја посетат депонијата Русино. (11:00, по посетата ќе следат изјави за медиумите)

Скопје – Министерството за правда организира настан за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија заради адресирање на препораките од Оценската мисија за Судскиот совет. (Врховен суд на РСМ, во Свечената сала/ 10:30 – 14:00)

Скопје – Министерството за дигитална трансформација организира свечена промоција на редизајнираниот Национален портал – Uslugi.gov.mk. (Македонска филхармонија, мала сала/ 11:00, по завршување на настанот ќе следат изјави за медиумите на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и на останатите говорници на настанот)

Скопје – Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски ќе посетат дел од маркетите кои се вклучени во акцијата „Новогодишна кошница“. („Рамстор“ супермаркетот во ТЦ „Рамстор“/ 11:00 и Кам маркет Центар (ул. Кирил и Методиј“ 3, веднаш до „Дајмонд Мол“/ 11:30, по што ќе следат изјави за медиумите)

Скопје – Прес-конференција на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и заменик-министерот, Ѓоко Велковски на која ќе се презентира Буџетот за 2025 година. (во Медија центарот на Владата на РСМ/ 10:30)

Скопје – Министерот за здравство, Арбен Таравари ќе го отвори настанот по повод свеченото одбележување - 70 години постоење на Универзитетската клиника за урологија. (во просториите на Деканатот на Медицинскиот факултет/ 13:00)

Прилеп – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе го посети откупниот пункт за тутун – Алијанс 1/ Прилеп 1. (12:00, по посетата на откупниот центар предвидена е изјава за медиумите)

Скопје – Економскиот форум ‘Трка до дното’ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан во организација на Finance Think. (х. „Мериот“/ 11:00, изјави за медиуми на вториот кат пред Ballroom 2/ 10:45)

Прилеп – Панел дискусија „Предизвиците на пазарот на трудот и поддршката на малите бизниси“ и промоција, соработка и поддршка на мали компании создадени од страна на Повратници Роми во општина Прилеп со постојните компании. (во просториите на Градската библиотека/ 11:00) 

Скопје – Партиска делегација од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, во состав: Горан Минчев, генерален секретар, Весна Бендевска, потпретседателка и генерал Павле Арсоски потпретседател ќе го достави текстот на Националната Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. (пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ изјава за медиумите ќе даде потпретседателката на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска/ 13:30)

Скопје – Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ организира работилница „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги (Digital Services Act) на ЕУ?“ наменета за граѓански организации и медиуми. (Јавна соба (Kids Room)/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на ЈП „Улици и патишта“ при КСОМ. (пред влезот на бараките Градско собрание, Градски парк/ 9:30)

Скопје – „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“ од авторите д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски во издание на Државниот архив. (НУ Музеј на македонската борба за самостојност/ 12:00)

Скопје – Изведба на балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од  Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. (Национална опера и балет, на големата сцена/ 20:00)

Скопје – Петтото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ со поддршката од Europe House Скопје. (кафе-книжарница „Буква“/ 20:30)

Битола – Изложба „Креативност против корупцијата“ на која ќе бидат претставени делата на учениците од СОУ „Таки Даскало” - Битола. (СОУ „Таки Даскало”/ 17:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***