• Saturday, 24 January 2026

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“

Куманово, 24 јануари 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре-недела (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.

Како што информираа од Министерството, ективностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути. За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално.

Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка, со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, информираа од МВР. ам/вј/

Фото: МИА архива

You May Also Like