• Saturday, 24 January 2026

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 јануари 2026 (МИА) - Во СВР Тетово на 23.01.2026 во 11:20 часот е пријавено дека на регионалниот пат Тетово - село Јажинце, кај село Слатино е случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од село Доброште, тетовско и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(36) од село Нераште, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобил еден сопатник Б.А.(26) од село Нераште, тетовско констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

На 23/24.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Е.(18), А.А.(21), Б.С.(33), Н.Т.(37) сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

На пресекот на улиците „Драге Карбуничанец“ со „Прилепска“ во Кичево, на 24.01.2026 година во 00.15 часот, лишени од слобода се А.А.(31) и Б.М.(20), двајцата од Кичево. Пријавените, најнапред вербално а потоа и физички ги нападнале униформираните полициски службеници кои вршеле контрола во патниот сообраќај и сопреле патничко моторно возило „бмв“ управувано од А.А. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.01.2026 во 11 часот на Граничен премин Долно Блаце, за влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.Ф.(55) од Скопје, со германско државјанство. При извршена гранична контрола, било констатирано дека лицето евидира со мерка „апси“ по барање на Сектор за меѓународна полициска соработка Тетово. М.Ф. е предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.

М.Е.(48) од Скопје на 23.01.2026 во 22:40 часот во СВР Скопје, пријавила дека околу 18:30 часот на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, била физички нападната од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.01.2026 во 17:20 часот во СВР Скопје, З.Б.(54) од Скопје пријавил дека во период од 18.01.2026 до 22.01.2026, во викенд куќа, негова сопственост, во село Бразда, скопско е извршена тешка кражба, при што му е одземена пневматска воздушна пушка, марка „хатсан“, модел „AIR TACT ED“ и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.01.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, Н.Б.(44) од населба Илинден, општина Илинден, пријави дека околу 20 часот на паркинг простор во село Марино, скопско, по претходно недоразбирање, неговиот 14-годишен син, бил физички нападнат од тројца малолетници, кои ги познавал, од кои едниот употребил метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје, на 23.01.2026 во 23:20 часот Б.И.(18) од Скопје, пријави дека на 22.01.2026 околу 23:45 часот, пред влезот од неговата зграда на подрачјето на Чаир во Скопје, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.01.2026 во 11:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.А.(27) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60-годишен татко, дека на 22.01.2026 околу 00:30 часот на мобилниот телефон добил заканувачки пораки за неговиот и животот на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против Д.А. ќе следува соодветен поднесок.

С.К.(39) од Скопје на 22.01.2026 во СВР Скопје, пријавил дека во временски период од 15:00 до19:40 часот во семејната куќа на подрачјето на Чаир во Скопје, извршена му е тешка кражба, при што му биле одземени 120.000 денари, златен накит и лаптоп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.01.2026 во 13:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булевар „Трета Македонска Бригада“ во Скопје, настанал пожар во приватна фирма, Сервис за возила, сопственост на Б.С.(52) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош на Б.С. му била укажана лекарска помош на местото на настанот поради вдишување на чад. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Полициски службеници од СВР Штип на 21.01.2026 во 11:45 часот го привеле Т.Ј.(44) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека  на 05.01.2026, во семејниот дом, со употреба на тврд предмет, физички ја нападнал неговата 16-годишна ќерка, при што и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(40) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид “ по чл.123 од Кривичниот законик. Тој, на 30.12.2025 година околу 01:00 часот, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада, со огнено оружје пиштол пукал кон паркиран автомобил „Голф“ и на возачот Џ.Д.П.(40) од Охрид, му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Потоа, со закани кон сопатничката во возилото, ја принудил да влезе во неговиот автомобил.

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија и ѝ кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и за да ја оперираат била потребна одредена сума на пари. Според пријавеното, таа ги подигнала парите од банка и како што и било кажано, во дворот од семејната куќа, парите ги дала на лице, кое било пратено да ги земе. Откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.ар/
Фото:МИА архива