• Monday, 29 July 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 28 јули 2024 (МИА) - Денеска (28.07.2024) во 02.00 часот на локалниот  пат во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.М.(35) од с.Равен, гостиварско. При преглед во возилото во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Денеска (28.07.2024) во 02.30 часот на  бул.„Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода С.А.(20) од Швајцарија, со престој во село Дебреше, гостиварско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.07.2024 во 01.00 часот во хотел во Нов Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(41) и М.С.(31) двајцата од Гевгелија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.   

Денеска (28.07.2024) во 00.25 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.07.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.07.2204 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.07.2024 во 23.00 часот на влез во с.Бојане, општина Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.У.(24) од с.Желино, тетовско. При преглед на патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

На 27.07.2024 во 23.20 часот на паркинг простор кај Градскиот стадион во Виница, полициски службеници од ОВР Виница ги лишиле од слобода Е.Ј.(19) и Б.М.(18), двајцата од Штип, затоа што до патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.М., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.07.2024 во 12.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во куќа во Градско, градежни работници кои извршувале градежни работи пронашле рачна бомба. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата.    

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 37 санкции, за возење без возачка дозвола 12 мерки, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло...

На 27.07.2024 во 18.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.,,Климент Охридски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Ч.(48) и велосипед управуван од Љ.А.(75), двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.Ч. констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 27.07.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Градец, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Л.А.(32) од с.Градец и мотоцикл без регистраски ознаки, управуван од Д.С.(25) од с.Боговиње, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. .

На 27.07.2024 во 11.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. „Ѓорче Петров“ и ул.„620“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) и мотоцикл „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.( 50), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Ургентен центар Куманово. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Куманово.

На 27.07.2024  во  19.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосница од регионален пат Р1201 со регионален пат Р2240, пред село Вевчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(76) од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше и патничко возило „смарт“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ќ.(52) од с.Велешта, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Ќ. и неговата сопатничка Ф.Ќ.(46) од село Велешта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Додека возачот Р.Р. се здобил со телесни повреди констатирани во Медицински центар Струга. Извршен бил увид од ОВР Струга.

Денеска (28.07.2024) во 03.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.Ѓ.(52) од Скопје пријавил дека на крстосница на бул.„Александар Македонски“ со ул.„Интернационални бригади“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 27.07.2024 во 15.30 часот во  во Полициската станица Гази Баба, Е.В.(40) од с.Дељадровци, општина Илинден, пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.   дма/

Фото: МИА архива