МВР Билтен (ДПЛ)
- Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Берово поднесе кривична пријава против М.У., на 45-годишна возраст од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 18 декември, пријавениот испраќал СМС - пораки со заканувачки содржини кон началник на ОВР - Берово.
Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - СВР - Куманово поднeсе кривична пријава против Д.А., 25-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 12 февруари при претрес на домот на пријавениот, била пронајдена марихуана.
СВР - Куманово поднесе кривична пријава против С.М., 29-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 2 септември, при извршен преглед над пријавениот, била пронајдена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Кочани поднесе кривична пријава против М.Л., на возраст од 27 години од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 5 мај 2023 при претрес во домот на Д.Н., биле пронајдени амфетамин и МДМА, дигитална вага со остатоци од марихуана и амфетамин, што го набавил од пријавениот.
Вчера во 00:20 часот на Граничниот премин „Богородица“, на влез во државата, полициски службеници при извршена проверка над товарно возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки, пронашле четворица мигранти, од кои три лица од Авганистан и едно лице од Пакистан.
По извршен службен разговор со возачот и лицата-мигранти, констатирано било дека додека возачот ги извршувал царинските формалности на Граничниот премин „Евзони“ - Република Грција, мигрантите влегле во товарниот дел на возилото. Мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитниот центар - Гевгелија за понатамошна постапка.
Синоќа во 23:50 часот на локалниот пат село Идризово - клучка кај скопско Кадино, полициски службеници од МЕБПС го лишиле од слобода Д.П., на возраст од 48 години од скопското село Мралино, затоа што при вршење на контрола од страна на полициските службеници му било дадено знак за да застане со возилото што го управувал, но, тој не застанал туку продолжил со движење и удрил еден од полициските службеници, по што застанал и продолжил со агресивно однесување.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 16:20 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 14:10 часот во Полициската станица - Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И., на 14-годишна возраст од Битола, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ОВР - Радовиш поднесе кривична пријава против Ц.С., на 48-годишна возраст од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.
На 8 мај 2023, пријавената од С.Б. од село Раклиш, на социјална мрежа обезбедила негови лични податоци од лична карта и платежна картичка, за да му бидат наводно исплатени 300 евра, но, истата ги искористила неговите податоци заради подигнување брз кредит.
СВР - Куманово поднесе кривична пријава против С.З., 34-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Пријавениот, набавил три фалсификувани банкноти во апоени од 50 долари, што ги пуштил во оптек во казино во Куманово.
Вчера во 10:15 часот во Полициската станица - Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С., на возраст од 15 години.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Вчера во 14:10 часот во Полициското одделение - Шуто Оризари од Јавна установа било пријавено дека нивниот штитеник Р.М., на возраст од 17 години од Скопје, кој на 20 декември беше пријавен дека се оддалечил од установата, се вратил во установата.
Вчера во 14:10 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР - Скопје го привеле М.К., на возраст од 38 години од главниот град на државава, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР - Тетово поднесе кривична пријава против А.Р., на возраст од 48 години од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Во временскиот период од 17 до 20 октомври на место викано „Локва“ во Старо Село, во две парцели сопственост на П.Н. и С.С. од ова село, пријавениот со пила исекол 26 дабови дрва.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Кочани поднесе кривична пријава против А.Р., на возраст од 26 години од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 6 декември 2023 при преглед на пријавениот во зградата каде живее, била пронајдена марихуана.
СВР - Куманово поднесе кривична пријава против С.С., 54-годишно лице од овој град, за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 16 декември при преглед на Г.Д. биле пронајдени петарди, што ги набавил од маркет - сопственост на пријавениот. При извршен претрес во маркетот, пронајдени биле 5.400 парчиња петарди и 79 распрскувачи - огномети.
СВР - Скопје поднесе кривична пријава против А.Д., на возраст од 51 година од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 9 јули при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени пушка, 41 куршум и ловен патрон.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Берово поднесе кривична пријава против М.У., на 45-годишна возраст од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 18 декември, пријавениот испраќал СМС - пораки со заканувачки содржини кон началник на ОВР - Берово.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Гостивар поднесе кривична пријава против С.Б., на возраст од 51 година од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.
На 9 декември во домот, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
СВР - Куманово поднесе кривична пријава против Ф.К., на возраст од 41 година од овој град, претседател на Општински сојуз на спортови - Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот, доделените парични средства на Општинскиот сојуз од страна на Совет на Општина Куманово, не ги реализирал во нивниот целокупен износ, односно нереализираниот износ од 740.000 денари, не ја прикажал на Совет на Општина Куманово и самоволно 440.000 денари доделил на Ракометен клуб - Куманово и 300.000 денари на Фудбалски клуб - Студена вода - Доброшане.
СВР - Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ј., 24-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и оттуѓување диви животни и птици“.
Пријавениот, од непознато место и лице набавил два елена од видот „лопатар“, кои ги сместил во штала во неговиот двор во село Тромеѓа, иако не биле исполнети условите кон животните утврдени со закон и без одобрение и дозвола за чување на таков вид дивеч од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а не биле исполнети и потребните услови за чување и одгледување таков вид диви животни.
СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Т.А., 65-годишно лице од село Стримница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот, во текот на април 2023 година, на место викано „Краљево брдо“, изградил два објекта без издадено одобрение за градба од надлежен орган.
СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И., на возраст од 36 години од село Сараќино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.
На 25 октомври 2023 на улицата „Илинденска“, запрено било патничко возило „голф“ управувано од пријавениот, кој вршел јавен превоз без да поседува лиценца.
СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Ф.С., на возраст од 74 години од село Ларце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.
На 25 октомври 2023 на улицата „Илинденска“ во Тетово, запрено било патничко возило „голф“, управувано од пријавениот, кој без да поседува лиценца, вршел јавен превоз.
СВР - Куманово поднесе кривична пријава против Ј.А., на возраст од 33 години од општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и А.Д., 23-годишно лице од Куманово, царински службеник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На 28 февруари на Граничниот премин „Табановце“, првопријавениот со патничко возило „мерцедес“, остварил влез во Република Северна Македонија, при што на автопат му била извршена контрола и било утврдено дека е натоварено со разновидна роба, во вредност од 298.591 денари, без да поседува документација за истата и без регистрирана дејност за вршење меѓународен јавен превоз. Второпријавениот, не извршил соодветна контрола над возилото на првопријавениот и му пресметал и наплатил помалку царински давачки и давачки за ДДВ, при што му овозможил влез во Република Северна Македонија.
Вчера во 13:20 часот во СВР - Штип, вработен во КПД- „Затвор - Штип“ пријавил дека во кругот на затворот е пронајдено кесе со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 21:40 часот, од страна на полициски службеници од СВР - Битола, во двор на основно училиште во градот, пронајдена била марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
СВР - Струмица - ОВР - Гевгелија до Основно јавно обвинителство - Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П., на возраст од 45 години од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени едно кривично дело „измама“ и две кривични дела „измама во обид“.
Пријавениот И.П. кој во моментот издржувал затворска казна во Казнено поправна установа - „Затвор Идризово“ во периодот од 5 до 21 декември, телефонски контактирал тројца жители на Гевгелија, сопственици на угостителски објекти, притоа лажно претставувајќи се како вработен во државни институции - Јавно обвинителство и Државен санитарен инспекторат, ги довел во заблуда оштетените, ветувајќи им дека за определени парични средства, ќе им помогне во решавање случаи, по наводни поднесени пријави до надлежни институции, за труење со храна во нивните објекти. Во еден од случаите, оштетениот, со посредство на трето лице, му дал паричен надомест во износ од 2.000 евра на пријавениот, а по неколку дена откако сфатил дека е измамен, случајот го пријавил во полиција. Од страна на полициски службеници од СВР - Струмица, ОВР - Гевгелија и СВР - Скопје во координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, ОСОСК - Скопје и ОЈО - Гевгелија биле преземени повеќе активности со цел откривање на сторителот, при што бил извршен и претрес во затворска ќелија, каде биле пронајдени предмети што ќе послужат како доказ во понатамошната постапка. бд/дма/
Фото: МИА архива