КУД „Илинден“ Битола гостува на фолклорен фестивал во Велико Трново, Бугарија
- Ансамблот на КУД „Илинден“-Битола успешно настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал на збратимени градови во Велико Трново, Бугарија.
Битола, 22 март 2026 (МИА) - Ансамблот на КУД „Илинден“-Битола успешно настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал на збратимени градови во Велико Трново, Бугарија.
КУД „Илинден“ новата меѓународна концертна активност ја почна успешно, а синоќешниот настап на свеченото отворање беше поздравен со долготраен аплауз, изјави за МИА, Александар Стефановски, претседател на КУД „Илинден“-Битола.

-Во Велико Трново настапуваме заедно со фолклорни групи од Полтава-Украина, Бурса-Турција, Ниш-Србија, Будимпешта-Унгарија и домаќините од Велико Трново. На свеченото отворање изведовме програма со игри и песни од Источна Македонија, Русинки и Мегдан, традиционални ора од Малешевијата, Моштенски собор и игри од Леринско Поле, посочи Стефановски.
Со настапот во бугарскиот град Велико Трново, најстарото културно уметничко друштво од Битола го почна серијалот настапи и патувања кои ќе бидат реализирани во текот на оваа година.мт/вј/
Фото: КУД „Илинден“ Битола