• Friday, 18 October 2024

Изложба на дела од колонијата „Ѓуриште 2023-24“ во Куманово

Изложба  на дела од колонијата „Ѓуриште 2023-24“ во Куманово

Куманово, 17 октомври 2024 (МИА) - Кумановци вечер со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“  ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата на дела подготвени на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“, во периодот 2023/2024.

На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина дела. Љубителите на уметноста ќе имаат увид во креативниот творечки ппроцес на талентираните уметници од различни делови на светот.

-Овој групен творечки опус  што ќе биде презентиран пред кумановската публика е резултат на напорите на организаторот, Домот на културата „Крсте Мисирков“ - Свети Николе да одржи континуитет во работата на колонијата, како  и интензивната работа и соработка на учесниците на оваа манифестација коишто создадоа уникатни уметнички дела инспирирани од околината и локалната култура на локалитетот Ѓуриште. Изложбата ќе прикаже разновидност на стилови и техники, демонстрирајќи ја воедно моќта на уметноста како дисциплина која има можност да поврзува луѓе, велат од НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Изложбата  ќе биде поставена до ноември годинава. ам/мд/

Фото: ЦК „Трајко Прокопиев“