• Sunday, 01 September 2024

Иван Пенава останува лидер на Татковинското движење

Иван Пенава останува лидер на Татковинското движење

Загреб, 31 август 2024 (МИА) - Иван Пенава останува претседател на Татковинското движење, добивајќи едногласна поддршка од 64 делегати кои останаа во една од салите на хотел Интерконтинентал во Загреб, откако неговиот противкандидат Марио Радиќ и неговите следбеници го напуштија Изборното собрание, јави Хина.

Стипо Млинариќ стана нов заменик претседател на партијата, а последиците можеше да ги почувствува парламентарното мнозинство, пренесува Хина.

-Како што и најавивме, ситуацијата беше под контрола сето ова време, рече Пенава по потврдувањето на мандатот на чело на партијата во наредните четири години и им се заблагодари на сите што биле храбри и овозможиле демократски изборен процес. 

Пенава ги повика сите заедно да одат напред за да ја одржат стабилноста на Владата.

-Нашата победа е во сооднос 64:39. За мене не е спорно останувањето на Радиќ во партијата и уште еднаш ги повикувам сите да останат заедно, да изградиме пат напред како трета политичка опција во државата. Сите се добредојде, рече Пенава.

Десничарското конзервативно Татковинско движење, кое е помалиот партнер во ХДЗ-овската влада на Андреј Пленковиќ, денеска избра ново раководство на предвремените внатрепартиски избори. Делегатите, (103), одлучуваа меѓу актуелниот прв човек на партијата и градоначалник на Вуковар, Иван Пенава, поранешен член на ХДЗ, и Марио Радиќ, кој моментално ја извршува функцијата заменик претседател на ТД.

Пред изборите тензиите се зголемија до максимум, а партијата буквално беше поделена на два табора.сд/

фото:МИА архива