• Monday, 02 September 2024

Нетанјаху: Оној што убива заложници не сака договор

Нетанјаху: Оној што убива заложници не сака договор

Тел Авив, 1 септември 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да мирува додека не ги пронајде одговорните за убиството на шестмината заложници на Хамас, чии тела беа пронајдени во Појасот Газа, додавајќи дека „оној што убива заложниците не сака договор“.

Нетанјаху нагласи дека Израел е посветен на постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници и зачувување на безбедноста на државата, пренесуваат британските медиуми.

-Оној што убива заложници не сака договор, изјави израелскиот премиер.

Израелската армија (ИДФ) претходно соопшти дека во тунел во областа Рафа, во Појасот Газа, биле пронајдени телата на шестмината заложници, киднапирани од Хамас на 7 октомври минатата година, а кои биле убиени непосредно пред да бидат пронајдени. сд/

фото:МИА архива