• Monday, 15 December 2025

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Скопје, 14 декември 2025 (МИА) - Од 17:30 часот сообраќајот на ГП Богородица (Евзони) е затворен за секаков тип на возила, соопшти АМСМ.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/мч/

Фото: МИА архива