• Monday, 15 December 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

15 декември 2025

Скопје - Седница на собраниската Комисијата за европски прашања. (Сала 4/11:00)

Скопје - Вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и амбасадорката на САД Ангела Агелер ќе се обратат на настанот „Зајакнување на институционалните капцитети: Одбележување на соработката меѓу САД и Северна Македонија“ (х. „Хилтон“, сала Премиум 1/11:00, изјава на министерката Димитриеска-Кочоска по завршување на настанот/12:00)

Скопје - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска,  генералениот директор на „ТАВ Македонија“ Неџат Курт, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва и раководителот за комуникации во „Виз ер“ Андраш Радо ќе одржат прес - конференција на Меѓународниот аеродром - Скопје, во зоната на заминување по повод првиот лет од Скопје до Прага на „Виз ер“. (Пристигнување на аеродром/11:30 часот, збирно место: Шалтер за информации во зградата на патнички терминал на Меѓународен Аеродром Скопје)

Скопје - Конгрес и Меѓународна конференција за одржлив развој „TSD 2025“ на Универзитетот „Мајка Тереза“. (Простории на УMТ, сала B102/13:00)

Скопје - Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција по повод новогодишното украсување и новогодишната програма/настани на Град Скопје.  (кафе-бар „Тренд“, плоштад „Македонија"/12:30)

Скопје - Одборот за традиционална прослава на Бадник ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2026. (Сала за состаноци на Совет на Општина Центар, барака 6/11:00)

Скопје - Јавна презентација на Извештајот за локалните избори 2025 во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. (Граѓански ресурсен центар/13:00 – 14:00)

Битола - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола ќе промовира амбасадори на читањето. (Сала за промоции на Библиотеката/12:00)

Битола - Концерт „Виена во Битола“ на битолскиот оркестар „DIVA“. (Центар за култура Битола/19:00, 21:00)  

Скопје - Бесплатна проекција на шпанскиот трилер „Пиги“ организирана во соработка со Амбасадата на Шпанија во земјава. (Кинотека на Македонија/20:00)

Скопје - Промоција на поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски. („Лабораториум“, „12 македонска ударна бригада бр. 2а, на паркингот зад старата Градска болница – некогашен Јукан/20:00)

Скопје - ​Потпишување договор за спонзорство и одбележување 45 години партнерство меѓу Пивара Скопје и Ракометната Федерација на Македонија (РФМ). (Хол на „Пивара Скопје“/12:30, пристигнување и регистрација на медиумите/11:45 – 12:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***