• Wednesday, 25 December 2024

„Гардијан“: Сондата на НАСА се обидува да се приближи до Сонцето

„Гардијан“: Сондата на НАСА се обидува да се приближи до Сонцето

Канбера, 24 декември 2024 (МИА) - Соларната сонда „Паркер“ се обидува да се приближи до Сонцето на растојание од нешто повеќе од шест милиони километри, што, доколку успее, би било рекордна близина досега забележана, објави денеска „Гардијан“.

Тимот изгубил контакт со сондата и не се очекува дека ќе ги добие податоците за мисијата до петок, но податоците кои ги прими НАСА комплексот во Канбера пред четири дена укажуваат дека се функционира како што се очекувало.

„Ниту еден објект кој човекот го направил никогаш досега не поминал толку блиску до ѕвездата, така што „Паркер“ навистина ќе (испраќа) податоци од непознатата територија“, рече Ник Пинкин, менаџер на мисијата на сондата во Лабораторијата за применета физика на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Мериленд. рп/

Фото: МИА архива