„Вашингтон пост“: Бајден подготвува нови проширени сакции против рускиот енергетски сектор
- Претседателот на САД, Џо Бајден, ја разгледува можноста за воведување нови пожестоки санкции против енергетскиот сектор на Русија и нејзината способност да извезува нафта и гас, објави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на четири извори запознати со ситуацијата.
Вашингтон, 24 декември 2024 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, ја разгледува можноста за воведување нови пожестоки санкции против енергетскиот сектор на Русија и нејзината способност да извезува нафта и гас, објави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на четири извори запознати со ситуацијата.
Изворите за весникот истакнуваат дека новите рестрикции ќе влијаат негативно на воениот буџет на Русија и нејзината способност да ја финансира војната во Украина. Од друга страна, прошираните санкции ќе му дадат на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп „повеќе алатки за влијание“ во потенцијалниот преговарачки процес со Русија околу Украина.
Со ова, коментира весникот, Бајден ќе го оформи своето економско и надворешнополитичко наследство кое ќе остане и по неговото заминување од Белата куќа.
-Според изворите, опциите што ги разгледува администрацијата вклучуваат и повлекување на лиценците на банките кои вршат трансакции со руски компании во областа на енергетиката.
Санкциите може да бидат проширени против извозниците на нафта од Русија и против таканаречената „темна флота“ на меѓународни танкери што Русија ги користи да транспортира „црно злато“ во незападните земји како Индија или Кина.
На почетокот на војната администацијата беше загрижена од тоа дека престроги санкции против енергетскио сектор на Русија можат да ги повишат цените на гасот и бензинот во САД, но сега со намалената инфлација и крајот на изборите политичките пресметки се изменети, коментира весникот. кб/