• Friday, 27 December 2024

Бројките не лажат: Почетокот на Аморим во Манчестер Јунајтед е вистински кошмар

Бројките не лажат: Почетокот на Аморим во Манчестер Јунајтед е вистински кошмар

Манчестер, 26 декември 2024 (МИА) - Рубен Аморим загуби четири од своите први седум натпревари во Премиер лигата како менаџер на Манчестер Јунајтед, поставувајќи анти-рекорд за клубот.

Претходното најлошо постигнување беше на Ерик тен Хаг, под чие раководство тимот го забележа четвртиот пораз по одиграни 13 натпревари.

Дополнително, Манчестер Јунајтед под водство на Аморим прими 19 гола во 10 натпревари (7 во Премиер лигата, 2 во Лига Европа и 1 во Лига Купот). Во претходните 18 натпревари од сезоната тимот имаше 20 примени гола, што значи дека со Рубен Аморим на кормилото „црвените ѓаволи“ се речиси двојно полоши во одбраната.

Тимот во моментов го зазема 14-то место во поредокот во Премиер лигата со 22 бода. дс

Фото: Архива