• Thursday, 26 December 2024

Без струја утре делови од општините Гази Баба и Сарај

Без струја утре делови од општините Гази Баба и Сарај

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Без струја утре ќе останат делови од општините Гази Баба и Сарај, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје, повикувајќи се на известување од „ЕВН Македонија“ АД.

Без електрична енергија од девет до 12 часот ќе бидат корисниците на дел од улицата „Дрма“ - Идризово во општина Гази Баба.

Од осум до 10:30 часот, електрична енергија ќе немаат корисниците на дел од Сарај и стопански објекти на Адем Иљаз, Ислам Абази, млекара Глумово, Драче Сарај, Бензиска пумпа Сарај. Од 10:30 до 13 часот пак, корисниците на дел од Сарај и село Грчец. бд/дма/

Фото: МИА архива