• Thursday, 26 December 2024

Новогодишен хуманитарен базар во Чашка

Новогодишен хуманитарен базар во Чашка

Велес, 25 декември 2024 (МИА) - Ученици од ООУ „Тодор Јанев“ денеска на плоштадот во Чашка одржаа Новогодишен хуманитарен базар, на кој продаваа ракотворби, новогодишни честитки, божиќни венци, лампиони, украси и рачно изработените и принтани платнени торбички.

- Сето тоа на часовите по ликовни ги изработија сите ученици од прво до деветто одделение заедно со своите наставници. Собраните средства од Новогодишниот базар  ќе бидат наменети за хуманитарни цели за помош за социјално - загрозено семејство од Чашка, кое има ученици во оваа училишта,  информира за МИА, директор на училиштето Бојан Ѓорѓиов.

Интересно е што учениците со својот наставник по ликовно Драганчо Таневски  рачно изработија платнени торбички со принт, на кои се претставени ликовите на учениците, а  кои потоа ги понудија на продажба.

Деветооделенката Стефанија Станковска е една од учениците вклучено во нивна изработка. За МИА појасни дека  овие оригинални дизајни најпрво ги правеле на линилеум како ученички проект, а потоа биле режани од страна на  учениците, по што готовите дизајни биле испринтани на платнените торбички кои самите тие ги набавиле.

-Со посебни пигменти и машини сето тоа го подготвивме, беше многу интересен процес и еве денеска сме радосни што ги продаваме. За нив има голем интерес од возрасните кои ни ги купуваат и се воодушевуваат. Овој  проект со торбичките кој го започнавме  лани го продолживме и годинава. Вложивме голем труд  и еве денеска готовите 40-тина торбички ги продаваме на новогодишниот хуманитарен базар, потенцира ученичката Стефанија. ад/дма/

Фото: МИА

 

 

You May Also Like